Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > „Балтепе”-Тетово нова ракометна школа во Вардаровата ракометна академија
„Балтепе”-Тетово нова ракометна школа во Вардаровата ракометна академија

„Балтепе”-Тетово нова ракометна школа во Вардаровата ракометна академија

Се поголемо е црвено-црното семејство, во Ракометната академија на Вардар се приклучи новата школа. Станува збор за  „Балтепе” од Тетово, оваа нова школа ќе биде  20. регионална вардарова ракометна единица. Тимот на „Балтепе” ќе им понуди можност на најмладите тетовчани да се вклучат во ракометната еуфорија што владее последниве неколку децении.

Основачот на школата е Филип Глигоров, тој  вели дека соработката на „Балтепе” со Академијата на Вардар е на некој начин продолжување на она што тој го имал со Академијата и во претходните години. Балтепе” ќе почне со работа со стартот на школската година, а ќе опфати машки и девојчиња родени во 2002/2003, 2004/2005 и 2006 година и помали. Тој  очекува голем интерес за школата особено што Тетово изминативе неколку години немало ракометна чкола, ниту пак постои екипа која се натпреварува. Од 2017 година школата планира да се вклучи и во Јуниор лигата на Вардар, а оваа сезона ќе бидат дел од зимскиот ракометен турнир. За сите кои сакаат да ја контактираат новата ракометна школа што ќе биде дел од Ракометната Академија на Вардар тоа можат да го сторат на следниот начин.

Тренер: Филип Глигоров
Контакт: 077 559 485
Е-маил: filip.gligorov55@gmail.com