Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ВИДЕО) Среќата повторно на страната на Динамо
(ВИДЕО) Среќата повторно на страната на Динамо

(ВИДЕО) Среќата повторно на страната на Динамо

Црвено-црните иако на два пати имаа водство, сепак на крајот Динамо беше екипата која се радуваше на победата и се пласираше во следната рунда од лигата на шампионите. Нашиот фудбалски шампион повторно одигра одличен натпревар, на кој влезе без респект кон пртивникот и покрај гостинскиот терен. Храбро и пожртвувано во секоја акција, на моменти го надигравме противникот, но грешките во одбраната на крајот беа клучни за нашиот пораз. Дако Велковски беше играчот кој на два пати ни носеше предност. Најпрво во 38 минута успеа да погоди од голема далечина во долниот десен агол за отварање на резултатот од 0:1. Во вториот дел по едно невнимание на Хамбарџумјан кој направи непотребн фаул, беше покажано на белата точка. Марко Пјаца за кој ова беше последен меч во дресот на “модрите“ израмни на 1:1. Вардар не се предаде, по една добра акција која тргна од Балотели, продолжи за Којашевиќ кој упати топка во противничкиот шеснаесетник, таму најприсебен беше повторно Велковски за водство од 1:2. При изведен конер на Динамо, Спировски игра со рака во нашиот простор, по што судијата повторно досуди пенал за пртивникот, а Пјаца по втор пат ја погоди мрежата на Алексовски. Мачадо стави точка на овој меч, откако погоди за 3:2, што беше и конечен резултат на овој меч.

Погледнете ги головите од овој натпревар: