Македонската кадетска машка ракометна селекција е учесник на Европското Првенство, истото ќе се одржи од 15 до 21 август кај нашиот источен сосед Бугарија. Момците од кадетската репрезентација на Македонија (до 18 години) на 5 август во Скопје ќе започнат подготовките за Е.П-2016. Објавен е списокот и на истиот се наоѓаат и шестмина ракометари на Вардар.
Селекторот на оваа црвено-жолта кадетска репрезенација е Илија Темелковски, тој објави списокот од 21 ракометар што се повикани. На списокот се наоѓаат нашите ракометари: Марко Кизиќ – голман, Алија Амзовски – десно бек, Дејан Кукуловски – лев бек, Стефан Крстевски – среден бек, Мартин Карапалески – среден бек и Иван Димитровски – лево крило. На Европското во Бугарија , нашите кадети ќе играат во групата А заедно со репрезентациите на Унгарија, Украина, Ерменија, Косово и Кипар. Натпреварите во групната фаза ќе се играат во Камчиа во периодот од 15 до 20 август, додека финалните средби ќе се играат на 21 август во Варна. Пред почетокот на шампионатот, поточно на 13 август, Македонија во склоп на подготовките ќе одигра пријателска средба со кадетската селекција на Бугарија.