Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Противникот на Вардар во ЛШ и СЕХА, Брест Мешков продолжува да се засилува за следната сезона
Противникот на Вардар во ЛШ и СЕХА, Брест Мешков продолжува да се засилува за следната сезона

Противникот на Вардар во ЛШ и СЕХА, Брест Мешков продолжува да се засилува за следната сезона

Екипата на Брест Мешков, која е противник на Вардарци во групата Б од лигата на шампионите, како и во сеха-лигата продолжува да се засилува за новата сезона. Нов член на Белорусите, кој доаѓа на едногодишна позајмица од екипата на Веспрем е иранецот Иман Џамали. овој играч изминатава сезона ја помина како играч на Кристијанштад, тим за кој постигна 74 гола во лигата на шампиони. Со овој играч најверојатно се затвори трансфер пазарот за Брест Мешков. Инаку во летниот период овој клуб ги доведе уште и црнагорскиот голман Раде Мијатовиќ, српското крило Рајко Продановиќ кој дојде од Пик Сегед, потоа Денис Рутенко, украинецот Владислав Остроушко, младиот Андреј Оринко, како и најдобриот стрелец во првенството на Белорусија за изминатава сезона, се работи за Андреј Јашченко кој дојде од екипата на Гомел.

Во средата оваа екипа ги започна подготовките за новата сезона. Единствено кој замина е Максим Баранов во Романски Одорхеи. Најголем дел од припремите ќе ги пропуштат Љубо Вукиќ, Иван Пешиќ и Симон Разгор, кои со своите репрезентации ќе бидат дел од олимписките игри во Рио. Поголем дел од сезоната ќе пропушти и бекот Дмитри Камшик, кој имаше доживеано собраќајна несреќа во која доби скршеница на ногата. Се до 3-ти август ќе се тренира во својата земја, од каде заминуваат за Германија. Во овој период од 11 дена, избраниците на Бебешко ќе одиграат дури осум натпревари. Најпрво ќе играат со екипи од бундес лигата, како Хановер и Либеке, а потоа и турнир на кој ќе учествуваат екипи од Австрија.

Од 19-21 август ќе бидат домаќини на турнирот “Кубок Белгазпромбанка“, на кој учество ќе земе и Вардар. покрај нив ќе се натпреваруваат екипите на Висла и Рен од Франција. Последна проверка за формата на екипата пред стартот на сезоната ќе биде слиниот “Кањижа куп“ во периодот од 26-28-ми август. Тука учество ќе земат екипите на Металург, Констанца, Пик Сегед, Нексе и Партизан. Првиот официјален натпревар е на 6/7-ми септември и тоа во сеха-лигата.