Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Василевски: Личните рекорди на есен мора да се остварат!
АТЛЕТИКА! Василевски: Личните рекорди на есен мора да се остварат!

АТЛЕТИКА! Василевски: Личните рекорди на есен мора да се остварат!

Дејан Василевски атлетичарот на црвено-црниот атлетски колектив минатата недела заработи неочекувана повреда која можеше да го исфрли од натпреварувачки ритам да ги прекине подготовките за есенските предизвици и да преставува проблем за темпирање на физичката подготвеност. Ние го контактиравме Василевски кој ни даде изјава за својата состојба, има подобрување кај истата и по се изгледа дека тоа е надминато. Тој зборува за тоа и за плановите за настапите на есенските предизвици за него во изјава за нашиот сајт, Дејан вели:

Претходниот петок имав прилично немил настан, на еден одличен рутински тренинг. Запознаени сме со тоа дека патеката на кејот на Вардар е доволно нерамна, за при мало невнимание и лошо згазнување да се здобие и со тешка повреда. Не беше за повредата фактор обилниот дожд кој беше присутен за време на тренингот. Едноставно ми се случи невнимание на секунда, и поради високото темпо на тренингот згазив прилично лошо. Болката која ја имав беше навистина голема, и не бев во состојба ни да се движам. Бев принуден да кривам 4 километи, што веројатно уште повеќе ја воспали повредата. Ми се сруши светот во моментот, поради тоа што сум во највисока форма досега, а болката ми делуваше на пауза од барем месец дена. Тоа ќе беше голем пад во формата, кој тешко се враќа. Но за среќа (барем за сега), повредата е минато после една недела пауза и лесни масажи. Во консултации со тренерот Мартиновски, вчера требаше да биде одработен првиот тренинг од лесно 30-минутно трчање, колку да се испита дали болката е исчезната целосно или само во мирување. Тренингот вчера помина извонредно, а тоа што ме изненади, имав прилично добар ритам, според кој претпоставувам дека за една недела формата ќе ја вратам на ниво пред повредата. Односно ако се биде како што треба, ги очекувам трките на есен, па планираните нови лични рекорди на 5км и 21км ќе станат реалност.