Вардаровата генерација родени “2004“ година направи голем успех во детската лига за изминатава натпреварувачка сезона. Двете екипи на тренерот Филип Арсовски се најдоа на првото и треттото место во оваа лига. Токму член на Вардар (2) кој на крајот стана шампион е младиот и надежен играч, Максим Милошевски кој имаше забележителни настапи и голема заслуга за добрите резултати на својата екипа. Се работи за играч кој го има секаде на теренот, кој во секој момент може да одговори на дефанизвните и офанзивни задачи поставени од тренерот Арсовски. Во наредново интервју ве запознаваме токму со Максим Милошевски.
1. Како се случи да се занимавате со фудбал, дали овој спорт беше ваша прва желба и што најмногу ве потикна да се занимавате со фудбал ?
-Ги сакам сите спортови со топка, но фудбалот е спортот што највеќе го сакам. Во мојата фамилија немаме фудбалери , со фудбал не се занимавале ниту татко ми , ниту пак дедовците . Тоа што се занимавам со овој спорт е лично мој избор и моја желба. За мене е незамисливо да ми помине и само еден ден а да не со дружам со фудбалот и да изиграм барем неколку утакмици со другарите или пак на тренинг во Академијата на Вардар. Дури и тоа малку слободно време што ми останува за забава јас го поминувам играјќи ФИФА 2016. Не знам зошто имам толкава љубов према фудбалот. Едноставно е возбудливо и забавно да се следи една утакмица а уште поубаво чувство да се игра на терен .
2. Каде беа вашите први фудбалски почетоци и под водство на кој тренер ?
-Почнав да тренирам на шест годишна возраст во КФЦ (Карпош Фудбалски Клуб) .Трениравме три пати неделно во спортската сала од моето основно училиште Х.Т.Карпош. Димитар Бадев беше мојот прв тренер , тој не учеше на основните фудбалски вештини. Убаво се сеќавам на сезоната 2012, со КФЦ станавме шампиони во детска лига со генерација 2003. Таа титула дополнително ме мотивираше за понатамошен напредок во фудбалот. Мегутоа после неколку сезони веќе не можев да напредувам со тренизи во сала, па во разговор со моите родители и вујко ми Љупчо одлучив да се обидам во Вардар. Во Вардар дојдов на проба во септември 2015 година. Тренерот Филип Арсовски ме прими и ми рече дека ке треба да тренирам неколку месеци за одлучи дали ќе ме прими и регистрира како член Вардар генерација 2004. Пробниот период го поминав успешно и тренерот ме вклучи во тимот.
3. Како Максим ја гледа фудбалската игра и дали има посебна визија за успех ?
-Фудбалската игра е прекрасна и возбудлива забава која ја следат милијарди луѓе на планетава. Фудбалот е најпопуларниот спорт . Веројатно затоа што е најпопуларен спорт, се повеќе се вложува во тимови и фудбалери . Претпоставувам дека за да се успее во фудбалот , потребно е многу упорност, напор и труд. Успеваат само оние што вредно тренираат, внимаваат на исхрана и водат здрав начин на живот .
4. Ваше мислење за проектот “Јуниор“ лига. Колку една ваква лига може да има значење за вас децата ?
-Секако дека ми се допаѓа Вардаровата “Јуниор “Лига . Моите први настапи во црвено црн дрес беа токму на тие натпревари . Јас додека бев на проба немав право на настап во Детската Лига на ФФМ, но секако тренерот ми даваше шанса да играм натпревари од “јуниор“ лигата. Веројатно на тие натпревари тренерот ме проверил и одлучи да ме вклучи во тимот. Тие натпревари од “јуниор“ лигата најверојатно ке овозможи да ни се приклучат и други квалитени играчи па да станеме уште посилна екипа.
5. Колку значи за вас играњето во овој клуб и на што ве асоцира кога ќе слушнете за името “Вардар“.
-Да се носи најтрофејниот црвено црн дрес на Вардар е вистинска гордост. Вардар е најдоброто од Македонија . За Вардар знае цела Европа , особено преку ракометарите и ракометарките. Се надевам дека во блиско време и фудбалскиот клуб Вардар ке биде страв и трепет за другите тимови низ светот. За мене е особено важно што сега ФК Вардар има сопствена академија за фудбал и ние младите имаме врвни услови за тренинг. Условите што ги имаме ние, ги имаат само големите клубови како Манчестер Јунајтед , Реал , Баерн. Во такви услови можете да сметате дека ние следните Вардарови првотимци во иднина ќе ги победуваме големите европски клубови .
6. Со генерацијата родени “2004“ година направивте голем успех и тоа со екипата на Вардар 2 со која го освоивте првото место во детската лига. Може ли да ни ја опишете изминатава сезона, како и двата силни турнири во Бугарија на кој настапивте, каде на едниот го освоивте првото место. Која беше “формулата“ за успех и дали очекувавте вакви резултати на крајот од сезоната.
-Сезоната беше успешна во секој поглед. Во делот од првенството пред завршните финални натпревари победувавме лесно со голема гол разлика. Имавме еден несреќен пораз од Форца ама мислам дека беше во прав момент, за да не одлетаме во облаци туку да сфатиме дека можеме и да изгубиме ако не внимаме. Финалниот турнир од оваа година ке го паметам цел живот. Беше возбудливо и интересно да се бориме за титула шампиони на Македонија кај генерација 2004. Академија Пандев ја победивме во еден крајно неизвесен натпревар дури после изведување на пеналите. После победата над Академија Пандев бевме уште помотивирани да идеме до крај до титула. Во финалето требаше да ја победиме Брегалница Штип , која на пенали ги елиминира нашите другари од Вардар 1. Моравме да ги одмаздиме нашите другари и да победиме и да и докажеме на Брегалница Штип, кој е кој во Македонија и кој е најдобар клуб. Успевме да им покажеме дека на среќа ги победиле Вардар 1 и ги победивме со 3-1. Ние од Вардар 2 генерација “2004“ под водство на тренерот Филип Арсовски ја освоивме детската лига, затоа што во натпреварите влегувавме силно мотивирани и бевме многу добро тимски поврзани. Игравме точно како што ни посочи тренерот , со голема дисциплина и внимателно. Фудбалот е тимска игра и победува подобриот тим а не подобриот поединец. Оваа година Лестер стана шампион на Англија иако во тимот немаше толку звезди како другите тимови , но беа како тим поуспешни. Во Бугарија го освоивме Балканика купот во Сандански , под нозе ја ставивме ЦСКА и сите други тимови од Бугарија. Беше тоа убава проверка за тоа до каде сме со напредокот и да се споредиме со најдобрите клубови од Бугарија.
7. Какви планови има Максим за во иднина, дали сте размислувале на таа тема ?
Во наредниов период треба да продолжам да учам и да имам високи оценки на училиште а во исто време да напредувам и во фудбалот. Секако во иднина сакам да бидам професионален фудбалер. Сигурен сум дека ние од генерација 2004 ке бидеме главни играчи на Вардар, кои ќе победуваат силни европски екипи. За да го постигнеме тоа треба да тренираме , да ги слушаме советите од тренерите , да внимаваме на исхрана и на здрав начин на живот, изјави Максим Милошевски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски