Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Карачиќ стрелец на три, Циндриќ на еден гол во поразот на Хрватска од избраниците на Вујо, селекцијата на Словенија
Карачиќ  стрелец на три, Циндриќ на еден гол во поразот на Хрватска од избраниците на Вујо, селекцијата на  Словенија

Карачиќ стрелец на три, Циндриќ на еден гол во поразот на Хрватска од избраниците на Вујо, селекцијата на Словенија

Црвено-црниот машки ракометен тим ќе има само двајца преставници на најголениот планетарен спортски собир оваа година, Олимписките игри во Рио-Бразил. За разлика од кај девојките каде имаме шест преставника на летните ОИ-2016 и тоа во четири селекции, кај момците единствено  Карачиќ и Циндриќ ќе ја “бранат честа“ на црвено-црните.

Тие со својата репрезенација одиграа нов тест дуел, овој пат со селекцијата предводена од екс тренерот на РК Вардар Веселин Вујовиќ, машката сениорска селекција на Словенија која исто така е учесник на Олимпијадата во Бразил.  Хрватската ракометна репрезентација беше поразена  со 25-27 на контролниот натпревар од Словенија, а нашите ракометари, Игор Карачиќ и Лука Циндриќ вкупно зад своите имиња впишаа четири гола. Заради повреди и болест на неколку ракометари  Хрватска мораше да настапи со „десеткуван” тим, па гостуваше во Копар-Словенија замина  само со 15 ракометари. “Коцкастите“ беа во водство во поголем дел од првото полувреме, се до предност 8-7 на пет минути пред крај на полувремето. Словенија првиот дел го заврши со серија од 6-1, па отиде на одмор со предност од 13-9. Иако во вториот дел Хрватска повторно ја анулира предност, сепак Словенците беа подобри и победија. Ракометарите на Вардар двата наши средни бекови погодуваа на овој дуел,  Карачиќ беше стрелец на три, а Циндриќ на еден гол во словенечката мрежа, повторна средба на двата  состава е закажана за по три дена, Хрватска и Словенија  ќе играат меч во вторник во Опатија.