Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Анастасија Николовска: Следната сезона ќе настапувам за Вардар јуниор, тоа беше исполнување на досегашните замислени цели
Анастасија Николовска: Следната сезона ќе настапувам за Вардар јуниор, тоа беше исполнување на досегашните замислени цели

Анастасија Николовска: Следната сезона ќе настапувам за Вардар јуниор, тоа беше исполнување на досегашните замислени цели

Екипата на ЖРК Вардар направи голем успех во изминатава сезона, успевајќи да стигне до второто место во супер лигата, кое води во ЕХФ натпреварувањето. Подмладувањето на Вардар Јуниор продолжува и понатаму. За следната натпреварувачка сезона нови членови на составот предводен од Симе Симовски ќе бидат Анастасија Николовска, Моника Георгиевска, Ива Божиноска и Ана Станикевска. Сите доаѓаат од младинскиот состав на црвено-црните, кои изминатава сезона беа вицешампиони во младинската лига. Анастасија Николовска доаѓа како најдобар стрелец заедно со Ива Божиноска, кои беа најефикасни играчи кај младинките на ракометниот клуб Вардар. Во наредниов текст ќе ве запознеме со Николовска, која настапува на позизијата лево крило во која има голем потенцијал за докажување и развивање во подобар играч.

-Често во нашето основно училиште имаше ракометни натпревари, јас постојано ги следев и ми се допадна многу овој спорт, првиот впечаток ми беше дека е премногу лесен и едноставен. но кога започнав да тренирам сфатив дека не било така. Се запишав да тренирам на својата 11 година во ракометното школо Кастратовиќ и моите први тренери беа Индира и Зоран Кастратовиќ. Овој спорт го гледам пред се како љубов ,ме исполнува и ме прави среќна. Успехот сам по себе ке си дојде.

Анастасија има поминато голем дел од младинските категории на Вадар. изминативе две сезони настапувајќи за кадетките и младинките го освои второто место.

-За Вардар настапувам од својата 14 година. Името Вардар значи бренд кој во нашата држава е на прво место. Со знаење дека јас припаѓам во тоа семејство ми даваше самодоверба и мотив за понатака. Изминатите две сезони го имавме вицешампионското место во лигата. Нашата екипа беше спремна и многу по квалитетна од противникот, но среќата не беше на наша страна и гордо стоиме на второто место.

Покрај првиот тим на ЖРК Вардар има настапи и за Македонската кадетска репрезентација, а квалитетот беше препознаен и од страна на Симе Симовски кој се реши да и даде шанса во вториот тим на Вардар.

-Во 2015 година настапив за кадетската репрезентација на Македонија на европското првенство. Многу пот и труд имаше за да се стигне до тој дрес. Следната сезона ќе настапувам за Вардар јуниор, тоа беше исполнување на досегашните замислени цели. За понатака не размислувам, за се има време. Останува само максимално да се посветиме на работата и тренинзите, изјави Анастасија Николовска за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски