Црвено-црниот машки ракометен тим ќе има само двајца преставници на најголениот планетарен спортски собир оваа година, Олимписките игри во Рио-Бразил. За разлика од кај девојките каде имаме шест преставника на летните ОИ-2016 и тоа во четири селекции, кај момците единствено Карачиќ и Циндриќ ќе ја “бранат честа“ на црвено-црните.
Тие со својата репрезенација одиграа нов тест дуел, овој пат со селекцијата предводена од екс тренерот на РК Вардар Веселин Вујовиќ, машката сениорска селекција на Словенија која исто така е учесник на Олимпијадата во Бразил. Хрватската ракометна репрезентација беше поразена со 25-27 на контролниот натпревар од Словенија, а нашите ракометари, Игор Карачиќ и Лука Циндриќ вкупно зад своите имиња впишаа четири гола. Заради повреди и болест на неколку ракометари Хрватска мораше да настапи со „десеткуван” тим, па гостуваше во Копар-Словенија замина само со 15 ракометари. “Коцкастите“ беа во водство во поголем дел од првото полувреме, се до предност 8-7 на пет минути пред крај на полувремето. Словенија првиот дел го заврши со серија од 6-1, па отиде на одмор со предност од 13-9. Иако во вториот дел Хрватска повторно ја анулира предност, сепак Словенците беа подобри и победија. Ракометарите на Вардар двата наши средни бекови погодуваа на овој дуел, Карачиќ беше стрелец на три, а Циндриќ на еден гол во словенечката мрежа, повторна средба на двата состава е закажана за по три дена, Хрватска и Словенија ќе играат меч во вторник во Опатија.