Wednesday ,27 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар ќе го почне “ловот“ на купот во Порој со Скендербеу, ФФМ со нов “бисер“ годинава нема Суперкуп
ФК Вардар ќе го почне “ловот“ на купот во Порој со Скендербеу, ФФМ со нов “бисер“ годинава нема Суперкуп

ФК Вардар ќе го почне “ловот“ на купот во Порој со Скендербеу, ФФМ со нов “бисер“ годинава нема Суперкуп

Вардар обидот после долги години да дојде до Куп трофејот и да обезбеди “двојна круна“ нешто што скопјани го очекуваат од далечната 1995 година ќе го почне во тетовското село Порој. Во 1/16-финалето од Купот на Македонија наш противник е екипата на нисколигашот ФК Скендербеу.

Купот според пропозициите во ова коло прво 1/16-финално се игра само еден меч чии победник оди понатаму во 1/8-финалето од каде почнува веќе одигрувањето двомечи (дома-гости) за напредок со финалето кое ќе го даде победникот на најмасовното фудбалско натпреварување во земјава. Исто така за Суперкупот има одлука која се чека да се потврди, но самата по себе е “бисер“ многу во серијата на Фудбалската федерација на земјава, која поради наводно немање термин за овој дуел годинава ќе го “прескокне“ ова натпреварување и овој пехар нема да се доделува. Сепак повеќе од јасно е дека федерацијата која мора да се јави како организатор на овој дуел несакаше да превземе на свој грб да организира меч Вардар (победник на ПМФЛ) со Шкендија (Куп победник) во кој ќе мораше да присуствуваат двете навивачки групи, но ФФМ и се е можно.

Исто така во второто коло, на 14 август, на нашиот стадион ќе биде одиграна и дерби пресметката помеѓу нашиот ФК Вардар и Шкендија. Овој натпревар е во рамките на второто коло во ПМФЛ, како што е познато, првото коло е против шкупи исто така на домашен терен.