Вардарци во попладневниот термин го одработија и вториот тренинг, како подготовка за новата натпреварувачка сезона. За разлика од утринскиот собир, на вториот тренинг освен Кањелас беа присутни и новите засилувања, Фериера и Борозан. На присутните се обрати директорот Давор Стојановски и покрај новите играчи го претстави и Едуард Кокшаров, кој ќе ја извршува функцијата на спортски директор во ракометниот клуб Вардар. На тренингот беа присутни и младите Ончев, Ѓорѓески, Попоски и Димитровски.
По заминување на Филип Лазаров, екипата остана без капитен, па на денешниот собир беше објавено и името кој во иднина ќе ја има оваа улога. Стојанче Стоилов беше назначен за нов капитен на црвено-црните.
ФОТО: РК Вардар