Tuesday ,26 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Радичевиќ е најдобра ракометарка на Балканот, Лекиќ до шесттото признание за најдобар српски играч
Радичевиќ е најдобра ракометарка на Балканот, Лекиќ до шесттото признание за најдобар српски играч

Радичевиќ е најдобра ракометарка на Балканот, Лекиќ до шесттото признание за најдобар српски играч

Во традиционалниот избор на ракометниот портал “Балкан Хандбал“ за избор на најдобра ракометарка и идеална постава на “Екс Ју“ регионот, победи членот на ЖРК Вардар и Црнагорската репрезентативка Јованка Радичевиќ. Во гласањето учествуваат фаноците од социјалните мрежи како и ракометни новинари од Балканот. Радичевиќ успеа за само еден глас (31) да ги победи своите соиграчки од Вардар, Андреа Лекиќ и од Црна Гора, Катарина Булатовиќ, кои освоија по 30 гласови. Ова е прва ваква награда за Јованка Радичевиќ.

Андреа Лекиќ пак ја понесе шесттата титула за најдобра српска ракометарка во натпреварувачката сезона 2015/16 година. И тука беше тесна борбата за првата позиција, во која Лекиќ успеа да избие на првото место пред Драгана Цвијиќ и Катарина Крпеж.

Аманидн Лејно заедно со Марта Ждериќ освоија еднаков број на гласови (23) во борбата за најдобар голман. Радичевиќ е најдобро десно крило, додека Лекиќ е најдобар среден бек во идеалната постава ан “Екс Ју“ регионот за изминатава сезона.