Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи и кадетите на ФК Вардар од утре на подготовки во Струга
Пионерските екипи и кадетите на ФК Вардар од утре на подготовки во Струга

Пионерските екипи и кадетите на ФК Вардар од утре на подготовки во Струга

Три Вардарови генерации од утре заминуваат на седумдневни подготовки во Струга. Двете пионерски екипи и кадетите, главниот дел од припремите пред почетокот на новата натпреварувачка сезона ќе ги одработат во Струга. Веќе е познато дека изминатиов период се тренираше на академијата, најчесто по еден тренинг во текот на денот. Сеуште се склопува мозаикот на екипите, како треба да изгледаат во новата сезона. Нема сеуште нови имиња во сите три генерации, некои играчи се наоѓаат на проба, но далеку од потврда дека во новата сезона ќе бидат дел од црвено-црниот дрес.

Сигурно дека после доаѓањето од Струга ќе бидат познати и конечните состави на Вардаровите екипи, кои ќе се натпреваруваат во првенството и купот на Македонија. Останува се исто во поглед на возрасните генерации и во новата сезона. Пом. пионери остануваат под “палката“ на тренерот Сашо Јанев. Пионерите ќе ја бранат двојната круна освоена во изминатата сезона под водство на Сашо Тодоровски, додека кадетите ќе се обидат да стигнат до првото место во лигата, на чело со тренерот Влатко Колев.

Сеуште не е познато и со кој состав ќе настапуваат младинците. Сигурно е дека Апостоловски, Тасевски, Јовановски и Велкоски нема да бидат дел од црвено-црните во новата натпреварувачка сезона.