Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Четворица млади играчи “новитет“ на првиот тренинг на РК Вардар

Четворица млади играчи “новитет“ на првиот тренинг на РК Вардар

Утрово Вардарци го одржаа својот прв тренинг во спортскиот центар Јане Сандански и означија старт на подготовките за новата натпреварувачка сезона. На првиот собир се појавија и новите засилувања Кањелас, Фереира и Борозан, додека новитети во составот на црвено-црните се уште и четири млади играчи.

Тоше Ончев беше најдобар стрелец во изминатава сезона за младата екипа на РК Вардар која беше вицешампион во првата ракометна лига. Ова момче половина од натпреварите ги завршуваше со двоцифрен број на погодоци и повеќе од заслужено добива шанса да биде дел од овој голем тим на РК Вардар. Инаку настапува на позицијата лев бек. Тука е уште и Иван Димитровски, кој игра на позцијата лево крило и исто така беше дел од составот на Стојан Петрушевски. Двајцата играчи веќе и потпишаа договори со екипата на Вардар Јуниор, која се натпреварува во најсилната супер-лига. Новиот голман на Вардар Јуниор за новата сезона, кој се врати во “старото“ јато е Даниел Ѓорѓески, кој добива шанса да тренира покрај голманското трио на нашиот ракометен шампион. Четвртиот играч кој беше нов лик на денешниот собир е Мартин Попоски, кој е член на Вардар Јуниор и кој игра на позицијата десно крило.

Тука е уште и Владо Недановски, кој засега е опција на позицијата лево крило, заедно со Дибиров и младиот Димитровски. Сите споменати играчи ќе бидат дел од подготовките на тимот, кои во периодот од 1-12-ти август ќе се одвиваат во Крањска Гора. Подготвоките, како и турнирот во Белорусија ќе го пропуштат Карачиќ и Циндриќ, кои ќе бидат дел од олимписките игри во Рио, со селекцијата на Хрватска.