Петар Давидовски е член на Вардаровата генерација, родени “2002“ година, иако имаше настапи и за генерацијата “2003“. Во следниов текст ќе ве запознаеме токму со ова младо момче, кај кое има голем потенцијал да прерасне во врвен играч. Ние како медиум кој известува за сите младински категории во фудбалскиот клуб Вардар, продолжуваме со интервјуа од младите надежи на црвено-црните, кои се иднина на Вардар и Македонскиот фудбал.
-Со самите почетоци на моето проодување главна и единствена играчка ми била топката. По раскажување на моите родители единствена желба беше играњето со топка и откривањето на амбициите и желбите кои беа насочени конкретно спрема фудбалот. Моите први почетоци беа на 6-годишна возраст пролетната сезона 2009 година во ФК Работнички, под водство на тогашниот тренер Бојан Марковски. Со почетокот на наредната сезона есента 2009/2010 не презема тренерот Зоран Петковски кој не водеше до мојата 9-та година.
Желбата да настапува во црвено-црниот дрес е исполнета, кога од редовите на Работнички преминува во Вардар.
-Сезоната 2012/2013 година тренерот Зоран Петковски премина во ФК Вардар и заедно со тренерот Павел Неделковски кој исто така беше во ФК Вардар ме повикаа и јас ја прифатив поканата да играм во најдобриот и најтрофејниот фудбалски клуб во Република Македонија. Единствениот мотив кој го имам е фудбалската игра, која ми дава посебна визија за мојата иднина и остварување на мојата желба за врвен фудбалер.
Давидовски ни даде и кратко мислење за најновиот проект на фудбалскиот клуб Вардар.
-“Јуниор“ Лигата според мене е добар проект на Вардар, место каде може да се покаже телентот на идните фудбалери од цела Македонија.
Неговата екипа стана вицешампион на Македонија за изминатава сезона. Веќе во тек се подготовките за новата, а првиот предизвик кој ги очекува е турнирот “Скопје куп“.
-Со генерација 2002 год. ја плативме сопствената грешка на финалниот натпревар против Академија Пандев и стигнавме до второто место изминатата сезона. Од моа гледна точка можевме и многу повеќе но задоволни сме и со второто место. Во тек ни се подготовките за следната сезона вклучувајќи го и турнирот “Скопје куп“, за кој интензивно и напорно работиме се надеваме на добри резултати, па и на трофеј на истиот, изјави Петар Давидовски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски