Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Големо засилување за Вардаровата генер. “2006“, Матеј Гаштаров е нов член на Вардар

Големо засилување за Вардаровата генер. “2006“, Матеј Гаштаров е нов член на Вардар

Матеј Гаштаров е новото име кое во новата сезона ќе биде дел од Вардаровата генерација родени “2006“ година. Се работи за еден од најталентираните играчи на оваа возсраст, кој ќе претставува големо засилување за составот предводен од Игор Кралевски. По завршување на изминатава сезона, Матеј тренираше заедно со Вардарци и настапи на неколку подготвителни мечеви за црвено-црните. На многу пати на тие дуели се запишуваше во листата на стрелци и беше еден од подобрите поединци на теренот. Несомнено дека се работи за играч со голем потенцијал, кој располага со добра техника. Првите негови почетоци со фудбалот се од шест годишна возраст започнувајќи во Фк Металург, по стапките на неговиот постар брат Андреј Гаштаров, кај тренерот Коста Натев кој при првиот тренинг а воедно и контакт со топка увидел дека од него ке биде талент . Денот неможе да го замисли без фудбалска топка и кога не е со неа на лап топ ги следи сите потези и голови на Кристијано Роналдо, кој е  негов голем идол. Сезоната 2015/2016 за него беше најуспешна освои награда за најдобар играч на турнирот “Н.Н.Борче“ и на “КУЛ Куп“ и  најдобар стрелец на “Бубамара Куп“ во Загреб.

13672616_1057650307659582_444113820_n

-Доаѓањето во Вардар значи нови искуства и нови успеси понатаму во мојата кариера. Среќен сум што ке бидам дел од елитата и ке го носам црвено црниот дрес и се надевам дека ке придонесам за многу успеси во тимот на тренерот Кралевски, за уште поголеми резултати и трофеи.

Матеј долго време беше мета на Вардар, а најзаслужен за неговото доаѓање е тренерот Кралевски, кој работи во генерацијата “2006“.

-Тука сум прифатен одлично од моите соиграчи и од тренерот Кралевски, кој после две години упорност и следење успеа да ме донесе во Вардар, изјави Матеј Гаштаров за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски