Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Првиот тренинг во Словенија заврши

Првиот тренинг во Словенија заврши

rkvardar-vardarfansРакометарите на Вардар формата ја темпираат во Крањска Гора Словенија. Нашите момци по пристигнувањето во Словенија, вчера, го одработија и првиот свој тренинг на овие подготовки. Како што можете да забележите на оваа ”групна” фотографија, сите играчи на Вардар во добро расположение тренираат и фаќаат ”залет” за новата сезона.

Пријателските дуели на овој турнир ќе бидат одиграни на 6-ти, односно 10-ти август, против тимот на Горење од Словенија. Потоа ќе се замине на подготовки во Белорусија.