Скопје Куп во соработка со Град Скопје и ФФМ трета последователна година ќе биде организатор на голем меѓународен младински турнир во фудбал „СКОПЈЕ КУП 2016“ кој ќе се одржи во периодот од 5 – 11 август на повеќе стадиони во градот Скопје. На истиот учество ќе земат 28 екипи, од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија и Англија. Фудбалскиот клуб Вардар ќе се натпреваруваа со две генерации на истиот и тоа: генерациите родени 2000 и 2002 година.
Генерацијата родени “2000“ година и помали (пионери) под водство на Сашо Тодоровски ќе се натпреваруваат во група Б. Пионерите одработија подготовки во Струга, каде беа останат седум дена.
Распоред за нивните дуели е следен:
- Вардар-Септември (Бугарија) 06/08/2016 18-15часот, Терен ФФМ.
- Вардар-Пелистер 07/08/2016 18-15часот, Терен Илинден-2.
- Вардар-Сесвете (Хрватска) 08/08/2016 17-00 часот, Терен Илинден-1.
Веќе се одредени групите и распоредот во кои ќе се натпреваруваат Вардаровите екипи, генерацијата родени “2002“година предводени од тренерот Петар Ѓорѓиевски се наоѓаат во групата Б. Нашите млади надежи повеќе две недели тренираат на Академијата и напорно се подготвуваат за овој прв предизвик во новата сезона.
Распоред за нивните дуели е следен:
- Вардар-Буба Мара (Хрватска) 06/08/2016 09-00 часот, Терен ФФМ.
- Вардар-Брегалница Штип 07/08/2016 10-00 часот, Терен.
- Вардар-Војводина (Србија) 08/08/2016 09-00 часот, Терен Илинден-1.
- Вардар-Осијек (Хрватска) 08/08/2016 17-00 часот, Терен ФФМ.
- Вардар-Талент 2010 Штип 09/08/2016 10-00 часот, Терен Ѓ.Петров.
По завршување на групната фаза од турнирот и во двете генерации 2000-та и 2002-ра, според пласманот екипите ќе продолжат понатака во борба за финалето и пехарот во овој силен турнир “Скопје куп“-2016, се надеваме дека двете вардарови екипи ќе го покажат својот талент и квалитет и ќе обезбедат висок пласман, а зашто не и прво место во двете конкуренции.