ФК Вардар се соочува со мали проблеми пред стартот на новата сезона 2016/2017 во Првата македонска фудбалска лига. Имено, пред мечот во недела (7,август) против тимот на чаирска Слога, во нашиот табор неизвесни за настап се двајцата ”бекови”, Хофханес Хамбарџумјан и Горан Попов.
Попов поради повреда не можеше да им помогне на своите соиграчи и на реванш натпреварот во гости против Динамо Загреб, а се чини дека ќе го пропушти и првото воведно коло оваа сезона во домашната лига. Исто така и ”Хоф” го мачи мала повреда, иако ерменецот тренира, но под намален интензитет. Се очекува со двајцата да не се ризикува на првиот дуел оваа сезона за црвено-црните, односно да бидат максимално подготвени за големото дерби, на 14 август на домашен терен против единствениот конкурент за титулата тетовска ФК Шкендија. Првиот меч со Слога ќе го играме во Стрмица на стадионот “Младост“ бидејќи имаме да “одработиме“ еден меч на 100 километри надвор од Скопје поради казна изречена од Фудбалската федерација измината сезона.