Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.Пионери на ФК Вардар редат победи на подготовките во Струга, три од три за момците на Јанев
Пом.Пионери на ФК Вардар редат победи на подготовките во Струга, три од три за момците на Јанев

Пом.Пионери на ФК Вардар редат победи на подготовките во Струга, три од три за момците на Јанев

Три Вардарови генерации одработуваа седумдневни подготовки во Струга, двете пионерски екипи и кадетите, кои се подготвуват за  новата натпреварувачка сезона 2016/2017. Во првата фаза од подготовките се тренираше на терените во Градски парк на Академијата на ФК Вардар.  Помладите  пионери кои и годинава остануваат под “палката“ на тренерот Сашо Јанев одиграа три контролки во Струга и успеаа да победат на исто толку мечеви. Нивни противници беа врсниците од екипите на : Фљамуртари, Еврофудбал и Ферплеј.

Тие во три меча остварија три победи со вкупна гол разлика 9:0, погодуваа во просек по три пати по меч, а црвено-црната мрежа во овие три дуели остана мирна целосно што посебно радува во пресрет на овогодинешните предизвици во лигата за помлади пионери на ФФМ. Одигравме три меча каде покажавме одличен офанзивен фудбал, постојано напаѓавме и бевме закана за противничките голмани, одбраната одигра одлично тоа го покажува и нивниот ефект нула гола за три меча. Мечот со Фљамуртари го добивме со резулат 3-0, на овој дуел за помладите вардарови пионери стрелаа по еднаш: Мартин Спировски, Матеј Николов и Давид Ристовски. На мечот каде победивме најтесно со еден гол во дуелот со Еврофудбал, голот за 1-0 кој се покажа како конечен резулат на овој меч го постигна Самир Хасиќ. Најубедливи бевме со екипата на Ферплеј каде победивме со “петарда“, во мечот кој заврши 5-0 целосно доминиравме и го надигравме нашиот противник. Трократен стрелец на овој дуел беше Виктор Петковски, а по еднаш мрежата на Ферплеј ја тресеаа Ибрахим Ариф и Матеј Николов. Со овие одлични дуели добивме на самодоверба, а пак тренерот  Сашо Јанев имаше можност да види докаде е тимот со подготвеноста за следните предизвици.