Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Јуниорите загубија и од Шведска
Јуниорите загубија и од Шведска

Јуниорите загубија и од Шведска

Македонската јуниорска ракометна репрезентација го претрпе и четвртиот пораз, од исто толку натпревари на ЕП. Вчера нашите момци загубија и од репрезентацијата на Шведска со резултат 27-22. Стариот проблем во играта на нашите момци беше случај и на овој меч. Откако нашите водеа во првиот дел со 10-8, следуваше вообичаен пад, за на полувреме да се замине со високи -4.

Предходно нашите млади момци загубија и од домакинот Данска, потоа од селекцијата на Норвешка, Холандија и вчера оној од Шведска. Останува мечот со Унгарија за подобар пласман.