Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познати саатниците за првите мечеви на РК Вардар во Лигата на шампионите
Познати саатниците за првите мечеви на РК Вардар во Лигата на шампионите

Познати саатниците за првите мечеви на РК Вардар во Лигата на шампионите

Избраниците на Раул Гонзалес во шампионската лига се дел од  групата-Б, во истата наши противници се  екипите на:  Рајн Некар, Кјелце, Пик Сегед, ППД Загреб, Мешков, Целје и Кристијанштад. Веќе поодамна се познати колата и противниците во истите, а денес ЕХФ заедно со клубовите и ТВ куќи кои ги имаат откупено правата за пренесување на натпреварите од Лигата на шампионите за сезонава ги одредија термините и саатниците на натпреварите од првите шест кола во групната фаза од ЛШ. Од шесте натпревари на Вардар познати се четири заедно со саатниците, а уште два дополнително ќе бидат договорени. Утврдените саатници и термини за прелиминарните кола годинава се следниве:

1 коло – 25 септември (16,15 часот)
Кристијанштад – Вардар

2 коло – 1 октомври (17,30)
Вардар – Мешков (СЦ „Јане Сандански”)

3 коло – 5-9 октомври
Целје – Вардар

4 коло – 16 октомври (17,30)
Вардар – ПИК Сегед (СЦ „Јане Сандански”)

5 коло – 22 октомври (20 ч)
ППД Загреб – Вардар

6 коло – 9-13 ноември
Вардар – Кјелце