Денес почнува првата смена на летниот камп за деца што фудбалскиот клуб Вардар го организира во Охрид и ќе трае до 12 август. Втората смена е од 16 до 21 август. Првата е наменета за деца од генерациите 2003 и 2004 година, а втората смена е наменета за деца од генерациите 2005 и 2006 година. Сите тренери кои секојдневно ќе се грижат за децата се со ПРО и А УЕФА лиценци. Сместувањето е во хотел „Дипломат“ и во апартманите Делукс во близина на терените за тренинг, во комплексот „Билјанини извори“. Има пријавено околу 300 деца заовој камп. Првата смена момците денес тргнаа, ви носиме фотографии од заминувањето.