Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Скопје куп: ФК Вардар убедлив во дуелот со ФК Септември ,Бугарија (пионери)
Скопје куп:  ФК Вардар убедлив во дуелот со ФК Септември ,Бугарија (пионери)

Скопје куп: ФК Вардар убедлив во дуелот со ФК Септември ,Бугарија (пионери)

Денес се одигра одложениот дуел од вчера на црвено-црната генерецијата ”2000”  односно пионерскиот состав на ФК Вардар, тие на  првиот меч за нив на овој турнир  се сретнаа со тимот на ФК Септември (Бугарија). Тимот предводена од Сашо Тодоровски денес утрово на еден од  теренот на ФФМ однесе победа над своите врсници од источниот сосед во мечот кој одново мораше да се одигрува.

Мечот  вчера го прекина  големото невреме кое владееше во   скопската котлина и беше  прекинат по само 7-8 минути игра, резулатотот при прекинот беше оној почетниот 0-0, .Денес  македонксиот “двоен шампион“ во пионерска конкуренција покажа дека е поквалитетен тим од  гостите од нашиот источен сосед Бугарија, екипата на Септември. Сашо Тодоровски и денес како и вчера  својата доверба да стартуваат им ја даде на следниве играчи : Давид Денковски кој беше помеѓу стативите бидејќи Мето Велковски заради “вироза“ беше надвор од стројот. Елвир Рамиќ, Александар Ѓоргиевски, Марко Стојчевски, Горјан Трајковски, Виктор Пешевски, Филип Стојановски, Јакуп Бериша, Саид Бетиќи , Кристијан Ристовски и Марко Ѓоргиевски.  Победата беше убедлива со четири гола без ниту еден примен, мечот го решивме уште во првиот дел кога постигнавме три погодоци и поведовме со 3-0. Головите за тимот предводена од Сашо Тодоровски во првиот дел ги постигнаа: Саид Бетиќи, Марко Ѓоргиевски и Јакуп Бериша. Во вториот дел влеговме растеретени со голема предност, одигравме повторно подоминантно од бугарите во секој фудбалски елемент. Саид Бетиќи денес беше двоен стрелец, тој во вториот период го постигна неговиот втор, а четврти и воедно последен погодок за ФК Вардар на овој меч. Со оваа победа го почнуваме сигурно турнирот каде веќе вечер во 16-00 часот играме “дерби“ со пионерскиот состав на ФК Пелистер. Денес бидејќи се играше прекинат меч се одиграа 2х25 минути, а другите мечеви во оваа категорија ќе се играат по 30 минути. После трите победи на подготовките во Струга ова е четврта победа од четири дуели во новата сезона. Вардарци и зелено-белите овој дуел ќе го играат на теренот во Ѓорче Петров.