Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Марио Илиевски ја реши Брегалница, за втора победа на генер ”2002” на Скопје куп
Марио Илиевски ја реши Брегалница, за втора победа на генер ”2002” на Скопје куп

Марио Илиевски ја реши Брегалница, за втора победа на генер ”2002” на Скопје куп

Денеска ФК Вардар генерација ”2002” го одигра и вториот натпревар на ”Скопје Куп”. Нашите момци славеа победа против тимот на ФК Брегалница со резултат 1-0, стрелец на голот за нашиот тим беше Марио Илиевски. Ова беше втора победа за нашиот тим, после онаа на отворањето против тимот на Буба Мара од Хрватска (2-0). И овој натпревар се играше два пати по 25 минути.

За Вардар денеска настапија: Величковски, Костовски, Ѓурковски, Ѓоргиевски, Крстевски, Давидовски, Речица, Илиевски, Салиу, Игњатов и  Фазлиу.

Оваа генерација утре ќе одигра дури два дуела еден наутро еден попладне во рамки на Скопје купот, ова се противниците и термините на утрешните дуели:

  • Вардар-Војводина (Србија) 08/08/2016  09-00 часот, Терен Илинден-1.
  • Вардар-Осијек (Хрватска) 08/08/2016  17-00 часот, Терен ФФМ.