Вардар никако не погреши кога во своите редови го донесе голманот Мето Велковски. Ова младо момче во пролетниот дел од минатата сезона стигна од екипата на Маџари Солидарност и веднаш се вклопи во во играта на Вардаровите пионери. Тренерот на голманите, Љупчо Кметовски препозна во него голман со голем потенцијал и квалитет, кој го покажа на натпреварите на својата екипа. На турнирот “Скопје куп“, пионерите на Вардар стигнаа до првото место, откако во финалето беа подобри од екипата на Сесвете (3:1). Еден од најзаслужните за освоениот трофеј е секако Мето, кој со своите одбрани често го спасуваше голот на својот тим. Токму Велковски ја доби наградата за најдобар голман на завршениот турнир, кој беше во организација на градот Скопје.
-Овој меѓународен турнир за мене е од големо значење и за стекнување искуство плус на меѓународната сцена. Благодарение на одличната соработка која ни владее во тимот под раководство на нашиот тренер Сашо Тодоровски успеавме да се искачиме на врвот на овој турнир. Задоволен сум од досегашните резултати како поединец но и како колективен успех. Пред почетокот на овој турнир ние како екипа бевме уверени дека можеме да го освоиме и овој трофеј, затоа со напорна работа и голема самодоверба успеавме да го освоиме првиот трофеј во новата сезона. Задоволен сум своите досегашни успеси, но не запирам тука, ова е само дел од почетокот. Продолжувам и натака да работам да се надоградувам со помош на мојот тренер Љупчо Кметовски, изјави Мето Велковски за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски