Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Веспрем се “потопи“ во Вардар
Веспрем се “потопи“ во Вардар

Веспрем се “потопи“ во Вардар

Црвено-црната машинерија на Раул Гонзалес го прегази Веспрем во својата нова тврдина Јане Сандански, нанесувајќи му го првиот и тоа убедлив пораз во сеха-лигата. Со тоа се одолжи за оној несреќен пораз, во истава арена во ЛШ. Вардар заедно со Рајн-Некар Ловен се единствените екипи кои досега го победија Унгарскиот шампион во сите натпреварувања.

Дури шест минути му беа потребни на гостинскиот тим да се соземе од фуриозните напади на Вардарци, и да го постигне првиот гол по почетните 5:0. Речиси половина од погодоците беа атрактивни. Дибиров, Карачиќ, Душебаев и Шишкарев го доведуваа во несознание нивниот голман Миклер. Дибиров повторно потврди дека е човек од друга планета, затресувајќи ја мрежата на противникот од невозможни позиции. И другото руско крило Шишкарев на моменти ги повторуваше потезите на неговиот соиграч. Карачиќ игра феноменална, може и најдобра сезона во неговата кариера, како вистински организатор на играта постигнувајќи спектакуларни погодоци. Младиот Душебаев од речиси никаде успеваше да се промакне преку високата одбрана на Унгарците, и да ја вметне топката позади нозете на Миклер. Тактичарот Раул Гонзалес повторно го надмудрува својот противнички, овој пат и шпански сонародник од другата страна на клупата.

Посебен белег на овој меч оставија и нашите голмани, на кои им припадна по едно полувреме. Штербик беше несовладилив, и по три по ред изведени седмерци на Веспрем. Најдобриот нивни играч Илиќ незнаеше што се случува со неговата рака по упатените удари. Му дојде редот и на Милиќ-Џамбо кој како вистинска грамада беше непробиена пречка за противникот. Неговите на моменти две по ред феноменални одбрани ги подигаа од место неговите соиграчи од клупата, но и целата публика која не остана рамнодушна на неговите потези. Имавме и двоцифрена предност, која значеше вистински дебакл за шампионот на Унгарија.

IMAG0218

Оваа успешна вечер ја потврдија и најверните Комити, кои  повторно беа во главна улога со навивање во едно силно темпо без прекин од самиот почеток, па се до крајот. И како што доаѓа редот на крајот на секој натпревар, нивните пулени се поклонуваат и ракоплескаат на Комити за уште една незаборавна вечер, пеејќи заедно со нив. Тие се крилјата на овој клуб, кои имаат свој белег во нивната богата историја. По ова пред играчите стоеше толпа од млади момчиња и девојчиња кои чекаа ред да се сликаат со своите идоли, и да земат автограм. Се изгледаше како едно големо и среќно семејство кое функционира безпрекорно, на кое може да им подзавидат многу европски клубови.

Сите среќни и задоволни ја напуштаа салата, се до следното видување. И за крај со ваков Вардар и Комити, тешко им се пишува на нивниот следен противник, екипата на Висла од Полска. ЕДЕН Е ВАРДАР.

Звонко Ивановски