Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Џамбо играч на мечот со 50 % одбранети удари

Џамбо играч на мечот со 50 % одбранети удари

strahinja-milikj-199

 

Страхиња Милиќ -Џамбо беше вистинско  освежување за Вардар на денешниот дуел со екипата на Унгарскиот гигант Веспрем кој вардци го добиа со 28-21 .

Тренерот Раул се одлучи на полувреме да изврши промена на позицијата голман каде го внесе Џамбо на почетокот во вториот дел на место на Штербик . Штербик имаше во првиот дел 5 успешни интервенции од 15 упатени удари од кој 1 седмерец со успешност од 33 % на одбрана . Милиќ одбрани еден седмерец кој по одбраната дојде топката кај играчот на Веспрем каде Џамбо повторно во продолжетокот на акцијата одбрани и во салата се дигна атмосферата до максимум . Џамбо имаше блескава партија вечерва имаше прекрасен процент на одбранети удари т.е. 50 % односно 10 одбранети од 20 упатени кон неговиот гол . По многу тоа неговите одбрани помогнаа во моментите кога се зголемуваше предноста и стигна до 11 недостижни гола за Црвено-црните .

Браво Џамбо дефинитивно заслужи честитки твојот настап вечерва и за не себичиот придонес негов во големата победа над Веспрем  .

Фото:РКВардар.мк