Конечно РК Вардар го наплати својот долг со Унгарскиот Веспрем . Огромна победа во Спортскиот Центар Јане Сандански со 28-21 (14-10).
Вардар на денешниот меч започна фуриозно, Веспрем мрежата на Штербик ја начна дури во 7 минута, кога резултатот гласеше 6:1. Во понатамошната фаза од мечот Вардар стигна и до највисоките +8, Дибиров ја забавуваше публиката со извонредните голови од мртов агол, следуваше мал пад на играта, па така Веспрем се доближи на -4, во ова прво полувреме. Штербик одбрани 3/4 пенали, а Дибиров имаше 7 погодоци, за +4 на полувреме за Вардар.
Полувремето почна со намалување на резултатот од гостинските играчи кој го совладаа штотуку влезениот Милиќ . Следуваше игра гол за гол за двете страни. Играчот на Веспрем Сулиќ беше исклучен на две минути, тоа Вардар го искористи преку Тоскиќ успеа да го зголеми резултатот на 18-13. На реализациите на Вардар гостите одговараа со голови од брз центар. Во 39 минута Вардар ја враќа предноста од 5 гола преку Тоскиќ. Следуваат две минути во кој Вардар со играч помалку успеа да го сочува својот гол, а преку Душебаев со фантастичен гол да зголеми на 21-15. Вардар газеше и до 8+ со голови преку Горбок и Карачиќ тоа го алармираше Ортега кој побара тајмаут . Но тоа многу не помогна Вардар го имаше расположениот Џамбо на голот кој имаше многу прекрасни интервенции , а Црвено-Црните зголемиа на недостижни 11 гола . До крајот се беше рутина, Веспрем намали 28-21 на но тоа е неважно.
Важно е падна Веспрем во Јане Сандански . РК Вардар го доби фуриозно подржан од своите Комити кој цел меч безпрестан го бодреа својот миленик . Џамбо со 10 одбрани беше најистакнат поединец и ако на тоа додадеме дека бранеше само 30 минути е дефинитивно најсветлата точка во Вардаровиот тим , Тимур Дибиров со 8 погодоци беше најефикасен во Црвено-Црниот табор .
БРАВО Лавови наши !!!!