Нема одмор за нашите шампиони, во среда ги очекува нов натпревар, овој пат малку по ”релаксиран” натпревар од Купот на Македонија во рамките на 1/16 финалето против третолигашот, тимот на Скендербеу од Порој. Овој натпревар треба да биде одигран на теренот на домакинот во среда со почеток во 17 часот и 30 минути.
Иако се работи за третолигаш, нашиот тим треба рутинирано да си ја одработи својата задача и да се пласира во 1/8 финалето од Купот. Навивачите на ФК Вардар веќе подолго време ”сонуваат” за овој трофеј, па се надеваме дека токму оваа година е таа, кога е во прашање ова натпреварување. За мало потсетување, минатата сезона во 1/16 финалето го елиминиравме тимот на Кожуф со резултат 1-0.