Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Официјално: Иван Чупиќ е најново засилување за РК Вардар
Официјално: Иван Чупиќ е најново засилување за РК Вардар

Официјално: Иван Чупиќ е најново засилување за РК Вардар

Она што од поодамна се најавуваше веќе и се официјализира. Десното крило на Хрватската репрезентација Иван Чупиќ ќе биде ново засилување за нашиот ракометен шампион. Ова пред малку преку својата официјална страна го објави клубот. Чупиќ ќе биде четврто засилување за екипата на Вардар, а доаѓа од екипата на Кјелце. По Кањелас, Фереира и Борозан, тимот ќе биде засилен за уште едно врвно ракометно име.

Задоволни сме што во нашите редови во иднина ќе имаме играч кој бил европски првак и го знае тоа чувство. Вардар има амбиции да се искачи што е можно погоре на ракометниот европски врв и секогаш сака да ги има во своите редови оние што можат да му помогнат во остварување на таа цел. Веруваме дека Иван брзо ќе се вклопи во нашиот тим и заедно со Даниил Шишкарев ќе бидат одличен тандем на позицијата десно крило, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Иван Чупиќ доаѓа од европскиот шампион, екипата на Кјелце со која последниве неколку сезони ја освојуваше и двојната титула во првенството на Полска. Тој ќе се приклучи на Вардар по завршување на олимписките игри, каде во моментов настапува за репрезентацијата на Хрватска. Големо засилување за црвено-црните, кое со своето искуство се надеваме дека ќе му помогне на Вардар оваа сезона да стигне до завршниот турнир во лигата на шампиони.