Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гачевски за Вардар фанс: Во следните мечеви ќе оставиме срце на терен, голема поддршка ни се најдобрите навивачи “Комити“
Гачевски за Вардар фанс: Во следните мечеви ќе оставиме срце на терен, голема поддршка ни се најдобрите навивачи “Комити“

Гачевски за Вардар фанс: Во следните мечеви ќе оставиме срце на терен, голема поддршка ни се најдобрите навивачи “Комити“

Веќе зад нас се две први воведни кола во првата лига, остваривме неочекувано реми во првиот дуел со Слога и одличен резулат вчера кога високо ја поразивме екипата на тетовска Шкендија, која е единствен тим по квалитет кој ќе се бори како и лани така и оваа нова сезона за врвот заедно со нашиот црвено-црн фудбалски колектив. На првите два дуела во ПМФЛ шефот на стручниот штаб на ФК Вардар, Гоце Седлоски довербата да биде чувар на мрежата му ја додели на Филип Гачевски, тој вчера имаше одличен меч, сите удари кои беа упатени во неговиот гол успеаа да ги неутрализира и да ја задржи мрежата неначната по 90 минути во ова дерби. Разговараме со него дали имаше притисок за победа вчера, како го оценува дуелот и што очекува во новата сезона 2016/2017, тој за читателите на Вардар фанс го изјави следново:
-
Ние сме Вардар и затоа кај нас секој меч има притисок, без разлика на противникот, бидејќи од нас во секој дуел во било кое натпреварување се очекува најдоброто. Сите знаеме дека секогаш на било кој дуел секој наш противник против Вардар влегува максимално мотивирано во натпреварот, бидејќи ние сме биле и ќе бидеме предизвик за сите тимови. На вчерашниот меч докажавме кој е кој во македонскиот фудбал, делата сами говорат. За престојната сезона и моите очекувања во неа не сакам да зборувам многу однапред. Сега во недела не чека интересен дуел со ФК Победа Прилеп, натпревар на гости кој сигурно нема да биде лесен за нас. Јас неразмислувам долгорочно, мојата филозофија е да бидам сконцетриран на следниот дуел, се фокусирам од меч во меч на следниот противник. Ветувам дека повторно во идните мечеви ќе го оставиме нашето срце на терен. Ние сме професионалци, а ја имаме и поддршката од нашите Комити, кој се најдобри навивачи во земјава, што посебно дополнително  не мотивара.- изјави Гачевски за Вардар фанс.
Михајло Тушевски.