Женската ракометна репрезентација на Франција се пласираше во четвртфиналето на олимпсиките игри во Рио, откако во последниот натпревар од групната фаза беа подобри од селекцијата на Шведска. Заслужена победа за Французинките ако се знае дека во најголем дел од мечот ја имаа контролата на играта и беа во постојана предност. Шведска се закани на 12 минути пред крајот на првите 30 минути кога имаше минимално водство, но Франција не дозволи нивна серија па до полувреме го вратија водството во своја корист. На пауза се замина со резултат 15:13.
Првите десет минути од вториот дел се покажаа како решавачки за конечниот победник. Во овој дел од играта Франција беше многу подобра, постигнувајќи повеќе голови од противникот, што им овозможи да се одлепат на највисоки пет гола разлика. Стекнатата предност ја зачуваа до самиот крај, по што се радуваа на победата. Конечниот резултат по истекот на 60-те минути гласеше 27:25 во корист на Франција.
Александра Лакрабер продолжува со добрите игри во Рио. Таа имаше неверојатна 100 % реализација на 8 постиганти голови од исто толку обиди. Вардаровиот голман Амандин Лејно не беше во составот за овој меч.
Уште две ракометарки на Вардар и тоа најновите засилувања во новата сезона, обезбедија четвртфинална виза на олимпиксите игри. Камила Херем постигна три гола во победата на Норвешка над Романија (28:27). Франција и Норвешка завршија како второпласирани во своите групи. Бразил за кој настапува Мајса Песоа им го нанасе петиот пораз на Црна Гора во групата, по што тие се најголемото разочарување во женскиот ракометен дел. Радичевиќ постигна 4 гола, но и овој пат тие беа залудни за нешто повеќе. Така во најдобрите осум репрезентации ќе гледаме и четири ракометарки кои доаѓаат од Вардар.