Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Нема одмор за Вардар, во среда натпревар од Купот
Нема одмор за Вардар, во среда натпревар од Купот

Нема одмор за Вардар, во среда натпревар од Купот

Нема одмор за нашите шампиони, во среда ги очекува нов натпревар, овој пат малку по ”релаксиран” натпревар од Купот на Македонија во рамките на 1/16 финалето против третолигашот, тимот на Скендербеу од Порој. Овој натпревар треба да биде одигран на теренот на домакинот во среда со почеток во 17 часот и 30 минути.

Иако се работи за третолигаш, нашиот тим треба рутинирано да си ја одработи својата задача и да се пласира во 1/8 финалето од Купот. Навивачите на ФК Вардар веќе подолго време ”сонуваат” за овој трофеј, па се надеваме дека токму оваа година е таа, кога е во прашање ова натпреварување. За мало потсетување, минатата сезона во 1/16 финалето го елиминиравме тимот на Кожуф со резултат 1-0.