Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Марко Николовски: Ова признание не ми е прво, но ми е многу драго кое ќе ме мотивира да бидам уште подобар и да го давам својот максиум
Марко Николовски: Ова признание не ми е прво, но ми е многу драго кое ќе ме мотивира да бидам уште подобар и да го давам својот максиум

Марко Николовски: Ова признание не ми е прво, но ми е многу драго кое ќе ме мотивира да бидам уште подобар и да го давам својот максиум

Во следново наше интервју ве запознаваме со “бисерот“ на Вардаровата генерација “2006“. Се работи за Марко Николовски кој се смета за голем талент и надеж на Вардар и Македонскиот фудбал. Незаменлив дел од играта на оваа генерација, од кого зависат многу работи околу конечниот исход на неговата екипа. Го има насекаде на теренот, максимално подготвен подеднакво да одговори на сите задачи поставени од тренерот. Последното големо признание за Марко беше пред два дена, кога на турнирот “Фер Плеј Куп“ доби награда за најдобар играч, а неговата генерација го освои првото место. Прочитајте се за Марко, од каде љубовта за фудбал, почетоците во овој спорт, како помина изминатата и очекувањата за новата сезона , мислење за “Јуниор лигата“ и впечатоците од освоениот турнир и поединечната награда.

-Мојот татко како голем вљубеник во фудбалот уште од мали нозе ми ја всади љубовта кон овој спорт и така го избрав овој спорт. Секако фудбалот беше моја прва и единствена желба. Моите први фудбалски почетоци датираат кога имав пет години и тие беа во фудбалскиот клуб Форца. Во тоа време мој прв тренер беше Гоце Петрески, потоа Синиша Лучиќ и секако најзаслужен за мојот успех е тренерот Јовче Џипунов од кого научив многу техники во фудбалот, за што сум му неизмерно благодарен. Иако сеуште сум мал, фудбалската игра ја гледам прво како забава и можност за запознавање на нови другарства, а потоа како можност за напредок во фудбалот и се надевам дека еден ден ќе заиграм за првиот тим на фудбалскиот клуб Вардар.

Најновиот проект на фудбалскиот клуб Вардар “Јуниор“ лигата успешно се реализираше и финишираше во првата година на најезиното функционирање. Дел од лигата беа 11 фудбалски школи од земјавата, а овој број се очекува драстично да се зголеми за следната натпреварувачка сезона.

-Проектот “Јуниор лига“ е одлична можност за дружба, простор за напредување и докажување преку играње на повеќе натпревари каде што можеме да ги “мериме“ нашите квалитети. Секако дека ми се допаѓа постоењето на една ваква лига, која има за цел да ги обедини сите фудбалски школи од Македонија, од која ќе произлезат врвни играчи.

Вардар е синоним за голем клуб и желба на секое дете да ги брани црвено-црните бои. Оваа генерација за изминатата сезона може да се пофали со освојување на четири младински турнири, под водство на тренерот Игор Кралевски.

-Играњето во Вардар за мене има големо значење, бидејќи Вардар е најголемиот клуб во Македонија и најдобро место за напредок, каде се постигнуваат големи успеси. Задоволен сум од изминатата сезона и од работата со тренерот Игор Кралевски кој “неуморно“ работеше со нас, се трудеше да да го извлече максиумот, најдоброто и секогаш знаеше да го препознае талентот и за тоа сум му многу благодарен. Секако дека можевме повеќе, што тимски ќе го докажеме во новата сезона. 

Новата сезона започна добро за младите Вардарци, кои го освоија првиот трофеј пред почетокот на новата натпреварувачка сезона. Во конкуренција на многу екипи беше освоен силниот “Фер Плеј Куп“, кој се играше во Охрид. Во големото финале предводени од новиот тренер Арсовски, црвено-црните беа подобри од екипата ка Кикер Краљево.

-Подготовките за новата сезона течат многу добро. Новиот тренер Филип Арсовски е пред се добар “педагог“ , а потоа и тренер кој работи напорно со нас. Веќе одработивме еден камп со новиот тренер, каде се запознавме многу подобро. Во рамките на тој камп учествувавме на еден турнир “Фер Плеј куп“, каде освоивме прво место. Продолжуваме да се подготвуваме за лигата што ја организира ФФМ и Јуниор лигата на Вардар. Во таа насока моите очекувања се големи и посакувам да ја освоиме детската лига. 

Марко Николовски беше единствен играч од Вардар, кој доби награда по прогласување на најдобрите кај генерација родени “2006“ година. Тој го понесе признанието за најдобар играч на турнирот, што е едно од најголемите достигнувања на еден завршен турнир.

-Изминатиот турнир за мене беше големо доживување и нероценливо искуство. Докажавме дека со заедничка игра и секако благодарение на напорниот труд под водство на тренерот Арсовски дека можеме да победиме тимски. Да бидам искрен оваа награда ја посакував, но не очекував дека ќе ми припадне токму на мене. Ова признание не ми е прво, но ми е многу драго кое ќе ме мотивира да бидам уште подобар и да го давам својот максиум. Немаше да го постигнам сето тоа, без моите соиграчи во тимот кои се и мои големи другари надвор од теренот, изјави Марко Николовски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски