Во сабота на програмата е четвртото коло од првата фудбалска лига, црвено-црните се домаќини на арената “Филип втори“ во истото. Ова коло ние ја пречекуваме екипата на штипска ФК Брегалница, во овој меч ние сме апсолутни фаворити.
Фудбалската федерација на земјава ја делегираше судинската тројка за овој дуел, главен судија е скопјанецот Јакимовски Дејан. Него во арбитрирањето ќе му помагаат Новачев Петар (Велес) и Тошевски Саше (Скопје). четврти судија е делегиран Костенчев Никола, а делегат на мечот е Тасев Сашко (Кавадарци). Вардар по првите три кола е втор со 7 бода, а штипјани се претпоследни со 1 бод. Се очекува продолжување на победничката серија на избраниците на Гоце Седлоски, која во моментов изнесува четири триумфи по ред , три во ПМФЛ и во Купот на земјава.