Никола Анчевски е член на Вардаровата генерација, родени “2004“ година. Во следниов текст ќе ве запознаеме токму со ова младо момче, кај кое има голем потенцијал да прерасне во врвен играч. Доста интересен за следење на терен, многу брз играч а борбеноста е негова главна одлика според која се разликува од другите. Ние како медиум кој известува за сите младински категории во фудбалскиот клуб Вардар, продолжуваме со интервјуа од младите надежи на црвено-црните, кои се иднина на Вардар и Македонскиот фудбал.
-Уште од мал каде и да одев фудбалот го носев со мене. Кога требаше да се одлучам што сакам да спортувам фудбалот беше мојата прва и единствена желба, самата игра на фудбалерите на терен мене уште повеќе ме мотивираше да сакам да се занимавам со фудбал. Моите први почетоци беа во Ф.К.Мондано под водство на тренерот Дино Дамјановски. Фудбалската игра е тимска игра во која сите играчи треба да соработуваат, а за да има успех во фудбалот треба многу упорност, вежбање, труд и истрајност.
Анчевски ни даде и кратко мислење за најновиот проект на фудбалскиот клуб Вардар.
-Проектот “Јуниор Лига“ многу ми се допаѓа бидејќи многу ни помага на нас децата со тоа што ни овозможува меѓусебно воигрување и запознавање со други деца и клубови .
Секој посакува да го носи црвен-црниот дрес, токму малиот Никола ја има таа можност.
-За мене играњето во Вардар е привилегија и ми значи многу, бидејќи за мене Вардар е име со традиција и е најдобар клуб во Македонија.
Анчевски беше дел од двете екипи на оваа генерација, која направи голем успех. Вардар (1) го освои треттото место, додека Вардар (2) заврши како првопласиран со победата против Брегалница во големото финале. Овие момчиња настапуваа и на два турнири во Бугарија, од кои едниот го освоија.
-Јас паралелно играв и во Вардар 1 и во Вардар 2 под водство на тренерот Филип Арсовски кој имаше голема доверба во мене. Сакам од се срце да му се заблагодарам, бидејќи освоивме две титули, прво и третто место. Исто така бевме и на два турнира во Р.Бугарија и на едниот турнир освоивме прво место. За нашата генерација 2004 сезоната беше многу успешна.
Оваа генерација има нов тренер во името на Ане Андовски, кој ќе се обиде да го повтори успехот на неговиот колега Арсовски. Тие беа дел од кампот во Охрид каде одиграа контролен натпревар со екипата на Фер Плеј кој го добија.
-Јас и во иднина планирам да тренирам и да го дадам својот максимум и да продолжам да се занимавам со фудбал. Активно тренираме секој ден и се подготвуваме за новата сезона и за турнирот во Р.Бугарија. На кампот во Охрид бевме со новиот тренер Ане Андовски со него поминавме пет одлични денови,а на тренинзите воигрувавме нов концепт на играта бидејќи веќе ќе играме 10+1 на голем терен, изјави Никола Анчевски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски