Кугларите на Вардар денес рано наутро заминаа за градот Бања Лука-Република Српска (БиХ). Таму тие ќе настапат на силен меѓународен турнир, покрај нив ќе учествуваат и три други одлични кугларски колективи. Домаќинот и шампион на Босна и Херцеговина во куглање екипата на КК Ревита, репрезентацијата на Словенија, и шампионот на нашиот северен сосед, Србија екипата на КК Београд. Со екипата на замина Младен Донковски кој на контролниот дуел што го имаа момците од црвено-црниот кугларски колектив имаше одличен резулtат и беше веднаш зад ударното дуо на вардарци Влаќевски-Димитровски. Инфо за програмата на турнирот -ТУКА.