Во сабота ќе се одигра второто коло во првенството на младинските фудбалски категории. Истиов ден ќе играат сите Вардарови генерации и тоа во термините од 10 и 12 часот, против екипата на Пелистер. Пионерските екипи ќе бидат домаќини на теренот во населбата Јане Сандаснки, додека кадетите и младинците ќе гостуваат во Битола.
-Помладите пионери ќе се обидат да стигнат до првата победа во новата сезона, откако на стартот беа поразени од екипата на Академија Пандев. Нашите млади надежи се голем фаворит на овој меч, за што говорат и резултатите од нивниот меѓусебен дуел во претходната сезона. Тогаш на домашен терен славевме со резултат (7:0), додека на гостувањето триумфиравме со резултат 0:3. Ова ни дава за право да се сметаме за фаворити во пресрет на овој меч. Квалитетот е на наша страна и се освен триумф би било изненадување.
-Убедливо започна двојната титула за Вардаровите пионери кои славеа во првото коло, на гостувањето во Струмица. Овој пат ќе бидеме домаќини на Битолски Пелистер. Вардарци се наоѓаат во одлична форма, а освоениот трофеј од “Скопје куп“ им даде дополнителен мотив на избраниците на Тодоровски добро да ја стартуваат првенствената сезона. Истиов противник минатата година беше совладан на домашен терен со убедливи 4:0, додека во Битола славевме минимално со резултат 1:2. Нема многу калкулации и на овој натпревар за пионерите, кои се апсолутни фаворити во дуелот со врсниците од Пелистер. Во очекување сме на нови три бода за зацврстување на првата позиција на табелата.
После големата победа против Академија Пандев со играч помалку, кадетите ќе се обидат да стигнат до трите бода и на гостувањето против екипата на Пелистер. Минатосезонските натпревари ги добивме минимално во наша корист и тоа на гостински терен, со единствениот погодок на Никола Серафимов, додека на домашен терен со двата погодоци на Гоце Насковски стигнавме до триумф од 1:2. Тренерот Колев повторно ќе неможе да смета на капитенот Дејан Маркоски, додека поради црвениот картон од првото коло во тимот ќе го нема Џуклески.
Младинците во текот на вчерашниот ден добија прекрасна вест, дека ќе бидат дел од лигата на шампионите. Ова е голема можност за овие момци за докажување и надигрување со големите европски екипи. Се надеваме дека тренерот Марковски ќе нема проблеми да го состави тимот за гостувањето во Битола. Во првото коло минимално ја победиме А. Пандев со само две направени измени, од кои едната во судиското продолжение. Ги добиме двата натпревари одиграни мината сезона. Оној на гостувањето во Пелистер (0:2) и во Скопје убедливо 4:0. Фаворитската улога се препишува на Вардар, останува само на терен да покажеме дека сме подобра екипа од противникот.