Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Мамиќ и Динамо Загреб “загризаа“ за Велковски и Хоф !?

Мамиќ и Динамо Загреб “загризаа“ за Велковски и Хоф !?

Изгледа дека настапот на црвено-црните во Лигата на Шампионите ќе има дополнителен финансиски бенефит. Според информациите на Македонски спорт, пред реализиација е голем трансфер на млад играч од Вардар во хрватски Динамо Загреб.

Тимот кој обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на Шампионите е заинтересиран за Дарко Велковски, кој по се изгледа ќе стане наскоро член на “модрите“. Се очекува голема финансиска добивка од овој трансфер. За напомена, Даре ”црвено-црните” го платија 150.000 евра кога го донесоа од тимот на ФК Работнички. Очигледно е дека ФК Вардар добро ќе се ”офајди”. Воедно Црвено-црно семејство тврди дека покрај Дарко Велковски уште еден играч ќе замине во правец на Загреб. Станува збор за Хамбарџумјан, чие име летово беше поврзувано со преминување во Премиер лигата, но сепак остана во редовите на ”црвено-црните”. Ќе сочекаме следните денови да видиме дали оваа информација за премин на двајцата играчи Велковски и Хамбарџумјан во тимот на Динамо ќе се обвистинити или пак не.