Во голем дел од Европа денеска е омилен ден за трансфери, бидејќи на крајот од овој ден се затвараат трансфер периодите. Додека сите големи клубови се засилуваат или се ослободуваат од играчи, во Македонија се чини дека е ”мирно”.
Околу нашиот тим веќе неколку денови кружат информации за неколку заминувања. Најблиску од оние кои би можеле да го напуштат ”црвено – црниот” тим е младиот играч од средината на теренот Дарко Велковски. Велковски е пред трансфер во Динамо од Загреб, но дали овој трансфер ќе биде реализиран останува да видиме. Хамбарџумјан ова лето беше ”мета” на неколку великани, но според последните информации, популарниот Хоф ќе остане верен на ФК Вардар и ќе продолжи да настапува во ”црвено – црниoт” дрес, што е еден голем плус за Седлоски во атакот на титулата и купот. Исто така, и Јасир Асани извесен период беше поврзуван со трансфер во Албанија. Овие денови Асани беше поврзуван со трансфер во Партизани, но, дали и овој трансфер ќе биде реализиран останува да сочекаме.
За мало потсетување, ова лето кај шампионот се приклучија четири нови лица, а тоа се: Алексовски (голман), Барсегјан (средина), Обрегон (напад) и Балотели (напад).