Паузата поради репрезентативните обврски екипата на ФК Вардар ќе ја искористи да одигра пријателски натпревар против српскиот прволигаш, Раднички од Ниш. Овој натпревар ќе биде одигра во недела од 17 часот во населбата Маџари на стадионот „Борис Трајковски“.
На оваа средба Вардарци нема да настапат дури без 11 играчи кои имаат репрезентативни обврски. Вардар и Раднички продолжуваат со пријателските односи. За мало потсетување, во 2015 во Ниш се одигра пријателски натпревар, на кој резултатот беше 1-1. Исто така и во 2011 се одигра пријателски натпревар во Србија, кој заврши исто така со резултат 1-1.