По саботниот дуел на Арената Филип Втори со победата над Хоризонт тимот на Работнички се изедначи со нашиот ФК Вардар на врвот на прволигашката табела со по 41 бод , но Црвено-Црните имаа дуел помалку . Одложениот дуел со Металург беше закажан за денес на кој Вардар со победата од 2:1 и освоените бодови повторно се одлепи на плус три во однос на ривалот од Гратски парк .
На денешниот меч Вардар потешко од очекуваното дојде до трите бода против тимот од Железарница кој во својот состав имаше многу млади фудбалери . Тимот на Захариевски дури и поведе со 0-1 преку пенал стрелец беше Крстев . Вардар уште до полувремето успеа да изедначи преку Блажевски . Во вториот дел Љамчевски со гол од волеј го постави конечниот резултат кој донесе 3 бода , но треба да се напомене дека доста неубедлива беше игра која ја покажаа момците на Андреев . Следен меч на Црвено-Црните е нагости кај Хоризонт Турново во недела .