Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кристијан Стојов: Задоволен сум од мојот настап, после долгата пауза

Кристијан Стојов: Задоволен сум од мојот настап, после долгата пауза

Кадетите на Рк Вардар ја забележаа седмата првенствена победа, откако вчера беа подобри од екипата на Зомимак од Струмица. Натпреварот се играше на Кале, во кој црвено-црните забележаа убедлива победа со резултат 44:15. Без поголеми проблеми во играта, успеаа да впишат нова важна победа во борбата за шампионската титула. На полувреме резултатот беше 21:8, што ја потврдува доминацијата на овој меч.

-Го одработивме овој меч солидно со некои помали технички грешки, кои се надевам дека ке ги сведеме на минимум во наредниот период, во кој што ни престојат три гостувања. Најважно е што забележивме победа на овој дуел.

kris

 

Чуварот на мрежата, Стојов после пауза од одреден период се врати на теренот.

- Јас сум задоволен од мојот настап бидејки по долга пауза добро го одработив овој меч, исто како и мојата екипа, изјави Кристијан Стојов за Вардарфанс.

Звонко Ивановски