Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар повторно осамен на врвот на табелата

ФК Вардар повторно осамен на врвот на табелата

tq

По саботниот дуел на Арената Филип Втори со победата над Хоризонт тимот на Работнички се изедначи со нашиот ФК Вардар на врвот на прволигашката табела со по 41 бод , но Црвено-Црните имаа дуел помалку . Одложениот дуел со Металург беше закажан за денес на кој Вардар со победата од 2:1 и освоените бодови повторно се одлепи на плус три во однос на ривалот од Гратски парк .

На денешниот меч Вардар потешко од очекуваното дојде до трите бода против тимот од Железарница кој во својот состав имаше многу млади фудбалери . Тимот на Захариевски дури и поведе со 0-1 преку пенал стрелец беше Крстев . Вардар уште до полувремето успеа да изедначи преку Блажевски . Во вториот дел Љамчевски со гол од волеј го постави конечниот резултат кој донесе 3 бода , но треба да се напомене дека  доста неубедлива беше игра која ја покажаа момците на Андреев .  Следен меч на Црвено-Црните е нагости кај Хоризонт Турново во недела .