Вечерва во малата сала во С.Ц. Јане Сандански, избраничките на Индира Кастратовиќ го одиграа првиот натпревар во вториот дел од сезоната во Супер лигата. Без поголеми проблеми, како на тренинг забележаа убедлива победа против екипата на Жито Прилеп. Конечниот рзултат гласеше 46:20.
На овој меч Кастратовиќ им даде шанса за настап и докажување на помладите ракометарки. Од трибините подршка им даваа играчи како Суслина ,Алтхаус, Лекиќ, Лазовиќ, Фернандез и.т.н. На првиот погодок условно домаќинките на овој меч чекаа до десетата минута, на кои претходеа осум гола претходно на Вардарки. Предноста растеше од минута во минута, каде преку брзи контри го полневме голот на Прилепчанки. На полувреме се замина со резултат 22:6.
Главна улога имаа младите ракометарки Митова, Стојановска, Петковска и Гакидова. За првиот тим свое деби имаше и голманката Јована Мицевска, која исто така брани и за кадетките и младинките на Вардар. Јована одбрани два седмерци. Исто така шанса да заиграат, добија и Моника Георгиевска од младинскиот погон, која постигна два гола, како и Анастасија Николовска која пет пати стрелаше во мрежата на противникот. Ива Божиноска постигна четири погодоци. Најефикасни беа Кликовац со 10 и Гакидова со 8 постигнати голови.
Вардар: Петковска, Лејно, Мицевска, Божиновска 4, Стојановска 2, Гакидова 8, Митова 8, Дембеле 2, Кликовац 10, Ѓорѓиевска 2, Черноиваненко 3, Николовска 5, Ихнева 1, Вељановска, Хмирова 1.
Седмерци: 2/2. Исклучувања: 6 минути
Фото: Жрквардар.мк