Жрк Вардар го одигра првиот натпревар во супер-лигата во вториот дел од сезоната, против екипата на Жито Прилеп. На натпреварот кој се одигра во малата сала во С.Ц. Јане Сандански, Вардарки забележаа убедлива победа со резултат 46:20. Она што посебно треба да се истакне е дека на овој дуел, Кастратовиќ им даде шанса за настап на голем број млади ракометарки. Голем број на Македонски ракометарки успешно се промовираа на денешниот натпревар, кој би требало во иднина да бидат главната сила на Вардар.
Една од нив е и чуварот на мрежата Јована Мицевска, која со Петковска добија шанса да застанат на голот на денешниот натпревар. Јована забележа 7 успешни интервенции, од кои две беа и удари од седум метри.
-Чуството е непроценливо, бидејќи е вистинско задоволство да се игра заедно со големите имиња на женскиот ракомет. Многу сум и благодарна на Индира што ми овозможи да застанам на голот, и да ги бранам боите на Вардар.
Јована има само 14 години, и настапува за кадетската и младинската екипа на Вардар.
-Тоа што денес бранев ми е голема мотивација да работам уште понапорно. Има и од кого да учам во оваа екипа на Вардар. Суслина, Лејно и Петковска се моите идоли. Затоа и сум многу среќна што можам со нив да работам и од блиску, ни изјави Јована Мицевска за нашиот сајт.
Звонко Ивановски