Вечерва во малата сала во С.Ц. Јане Сандански, избраничките на Индира Кастратовиќ го одиграа првиот натпревар во вториот дел од сезоната во Супер лигата. Без поголеми проблеми, како на тренинг забележаа убедлива победа против екипата на Жито Прилеп. Конечниот рeзултат гласеше 46:20.
На овој меч Кастратовиќ им даде шанса за настап и докажување на помладите ракометарки. Меѓу нив беа и Анастасија Николовска (5), Ива Божиноска (4), Моника Георгиевска (2) постигнати голови, како и младата голманка Јована Мицевска. Сите овие ракометарки се дел од кадетската и младинската екипа на Вардар.
-Со повикот на Индира да настапиме за првиот тим со сите тие врвни играчи, за мене претставуваше големо задоволство и потик за да докажеме што знаеме и што имаме научено досега. Чуството да играш рамо до рамо со првотимките на Вардар е воодушевувачко. Јас со својот личен настап сум задоволна. Во мојата досегашна кариера ова е едно ново искуство кое ќе ми даде поттик за повеќе успеси понатака, изјави Анастасија Николовска за Вардарфанс.
Звонко Ивановски