Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ВИДЕО) ФК Вардар -ФК Металург 2-1(1-1)
(ВИДЕО) ФК Вардар -ФК Металург 2-1(1-1)

(ВИДЕО) ФК Вардар -ФК Металург 2-1(1-1)

Видео од головите постигнати на вчерашниот дуел на Арената Филип Втори во Скопје на мечот од 19 коло во Првата Македонска фудбалска лига помеѓу ФК Вардар и ФК Металург кој заврши со победа од 2-1 за Црвено-Црните фудбалери .

Изненадувачки прв поведе тимот на Срѓан Захариевски по еден беспотребно направен пенал од страна на домаќините . Стрелец на голот од 11 метра беше ветеранот Крстев кој повторно успеја да се запише во листата на стрелци на дуел со Вардар . Крстев го изведе силно и прецизно казнениот ударот на што голманот на Вардар Кобетиќ кој доби шанса од Андреев на овој меч не  успеа да го одбрани .Момците на Сергеј Андреев кој пред почетокот ја имаа фаворитската улога против тимот од Железарница кој во својте редови имаше претежно младински фудбалери се обидоа и успеа до крајот на првиот дел да изеднаачат . Тоа му успеја на Блажевски кој по еден одличен прием од непосредна близина го изедначи резултатот во 42 минута од првиот дел , со овој резултат се замина на одмор . Вардар веднаш на почетокот на второто полувреме тргна кон цел плен . Доста рано веќе во 50 минута со еден прекрасен гол поранешниот член на Металург од редовите на Црвено-Црните  Љамчевски со волеј го постигна својот деби гол воедно и победничкиот на мечот. До крај Металург смогна сили да се закани преку Бујчевски но сепак на радост на домашната публика мечот заврши со минимална победа за домаќините . И ако мечот се играше во работен ден и крајно непопуларен пладневен термин навивачката група Комити беше присутна и со одлично навивање во целиот меч им даде максимална подршка на својте миленици .