Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Михаил Танчев: Уште од најмала возраст одам на натпреварите на ФК Вардар и многу сум среќен што сум дел од ова семејство

Михаил Танчев: Уште од најмала возраст одам на натпреварите на ФК Вардар и многу сум среќен што сум дел од ова семејство

Во следново интервју ве запознаваме со Михаил Танчев, кој настапува за генерацијата родени “2006“ година. Тој изминатата сезона беше втор најдобар стрелец во детската лига за својата генерација. Многу значаен играч за својата екипа кој располага со одлични фудбалски квалитети. Минатата сезона под водство на Игор Кралевски со својата генерација освои четири турнири, а веќе пред стартот на новата сезона го освои и Фер Плеј куп.

-Со фудбал почнав да се занимавам во 2013 година, фудбалот за мене беше прва и единствена желба а љубовта кон фудбалот ми ја всади мојот татко кој е голем вљубеник во овој спорт. Првите фудбалски чекори ги направив токму во Вардар кај тренерот Влатко Спасовски, но за кратко време ни дојде за тренер Зоран Петковски се до мината година кога не презема Игор Кралевски.На фудбалот во моментов гледам како игра во која ќе се забавувам и дружам со останатите деца, а во иднина би сакал пред се да го облечам дресот на првиот тим на Вардар и на репрезентацијата на Македонија.

Јуниор лигата е голем проект на фудбалскиот клуб Вардар, кој го препознаваат и самите деца кои се натпреавруваат во оваа лига.

-Во проектот “Јуниор лига“ гледам сериозен проект во кој ќе имаме можност да одиграме многу натпревари со децата од фудбалските школи од цела Македонија и нормално фудбалски да напредуваме и да се обединиме. За мене ФК Вардар е свето име и јас уште од најмала возраст одам на натпреварите на ФК Вардар и многу сум среќен што и самиот сум дел од ова семејство.

Оваа генерација ја одбележа изминатата сезона со освојување на четири младински турнири

-Изминатата сезона под водство на тренерот Игор Кралевски стигнавме до 1/4 финалето во детската лига каде несреќно испаднавме на пенали. Јас во детската лига бев втор стрелец во екипата со 16 погодоци. Исто така минатата година настапивме на пет турнири од кои на дури четири освоивме прво место а на еден второ што е навистина голем успех за сите нас бидејќи цела година напорно работевме.

vardarfans-20061

Во новата сезона, нашите млади надежи родени “2006“ година имаат нов тренер во името на Филип Арсовски. Успешно беше поминат првиот предизвик пред почетокот на новата натпреварувачка сезона. На убдлив начин беше освоен турнирот “Фер плеј куп“ во Охрид на кој учествуваа голем број на екипи.

-Во новата сезона имаме нов тренер во името на Филип Арсовски и очекувам со напорна работа да постигнеме уште поголем успех. Првите натпревари под водство на новиот тренер ги имавме на турнирот Фер плеј во Охрид и убедливо го освоивме турнирот каде што имаше силни екипи но навистина одигравме одлично на сите натпревари, изјави Михаил Танчев за нашиот сајт.

Звонко Ивановски